
Директорот на Институтот за трансфузиологија Амир Елези на својот Фејсбук профил објави дека денеска го посетил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Денеска имавме посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и членови на неговиот кабинет.
„Во интерес на продлабочување на соработката меѓу двете институции, тие беа одблиску запознаени со работниот процес и беа назначени работни групи за изготвување на Стандардни оперативни процедури за одредени состојби и координатори за доброволни крводарителски акции во рамките на Министерството за внатрешни работи“, напиша Амир Елези.