Поддршката која „ДНК“ секојдневно ја добиват од својата публика им донесе енергија и љубов да го изработат и нивниот втор албум кој излезе во јуни 2010, насловен „Кажано е се“. Албумот кој содржи 18 песни го издаде нивната матична куќа „Продукција Република“, а продуцент на целиот албум е Врчак.Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап).„Кажано е се“ доби и свое ексклузивно пакување што беше промовирано и пуштено во продажба во август 2010 година. На 24-ти септември 2011 год. „ДНК“ конечно го одржаа свој прв голем солистички концерт во “Метрополис Арена ” (Скопски Саем ) во Скопје , Комплетно подржани од бенд во живо пред повеке од 7.000 илјади нивни фанови. Со тоа се запишаа во историјата на македонската музика како едни од ретките домашни артисти кој успеале да направат успешен солистички концерт.

Покрај музиката, членовите на „ДНК“ биле активни во хуманитарни цели. Учествувале на многу добротворни концерти, помагајќи на деца со ретки болести, семејства во социјален ризик и настрадани од природни катастрофи. Една од најзначајните акции била собирањето на средства за лекување на младиот Леонид Игнов и донацијата за лекување на Ана Радевска.ДНК има издадено три студиски албуми и една компилација „The Best Of“:
- „Пази дете“ (EP), 2005 година;
- „Кажано е се“, 2010 година, 18 песни;
- „Срце“, 2013 година, 15 песни;
- „Уште еден ден“, 2016 година, 12 песни;
- „DNK – The Best of“, 2018 година, 22 песни.
На 16-ти март 2025 година, Андреја Ѓорѓиески загина во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настапи заедно со бендот. Владимир Блажев – Панчо за среќа преживеа, но има сериозни изгореници.
Во 2017 година, го прославиле 15-годишниот јубилеј со уште еден спектакуларен настап во Метрополис арена, а на крајот од 2022 година, Панчо и Андреј ја одбележале 20-годишнината од основањето на „ДНК“ со концерт во арената „Борис Трајковски“.Некои од најпознатите песни на „ДНК“ се „Полна месечина“, „Таа тоа го крие“, „Срце“, „Што сака нека биде“, „Горе или долу“, „Благодарам однапред“, и една од поновите „Ако утре ме нема“.