
Марк Гурман од „Bloomberg“ ги опиша „iOS 19“ и „macOS 16“ како најголемото освежување на интерфејсот во последните години, а Просер претходно сподели концептни рендери на можна нова апликација „Camera“ за „iPhone“, известува „MacObserver“.
Протечените слики од екранот, споделени од јутуберот Џон Просер, ја прикажуваат апликацијата „Messages“ со редизајнирани копчиња на врвот, покриени со „кружен, стаклен“ ефект кој потсетува на „visionOS“.
Виртуелната тастатура на „iPhone“ исто така е малку редизајнирана, со позаоблени рабови.
Овие гласини се поддржани од официјалниот визуелен идентитет на настанот „WWDC 2025“, кој е богат со стаклени елементи, длабочина и сенки – што би можело да укаже на насоката на дизајнот што ќе ја преземе „iOS 19“.
Просер тврди дека корисниците кои очекуваат радикална промена во „iOS 19“ можеби нема да бидат задоволни, бидејќи новиот интерфејс нема да биде драстично различен. Сепак, ќе додаде повеќе елементи инспирирани од оперативниот систем „Apple Vision Pro“.