Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица.Во критична состојба се 4-5 пациенти кои се на лекување во странство.
12 се во клинички центар, 10 во стара Градска болница, 10 пациенти во „8-ми Септември“, а во приватните клиники 7 пациенти.
-Добрата вест е што денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Во странство се лекуваат 115 пациенти. Добра вест е што најверојатно едниот пациент денес се враќа од Белград на понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојба, ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен на клиника, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција.
За деталите денеска информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција.