
Седум натпревари се одиграа во НБА лигата, а најинтересен беше натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Далас, секако затоа што Лука Дончиќ играше против својот поранешен клуб.
Словенечката ѕвезда, која практично на непрофесионален начин беше исфрлена од Далас, беше крајно мотивиран да му докаже дека генералниот менаџер Ник Харисон погрешил и на крајот го заврши натпреварот со трипл-дабл и им донесе победа на Лејкерс со осум поени разлика, 107:99.
Дончиќ натпреварот го заврши со 19 поени, 15 скока и 12 асистенции, а одличен беше и Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока.
Кајри Ирвинг постигна 35 поени за Далас, но ниту тоа не беше доволно неговиот тим да победи.
Голден Стејт претрпе тежок пораз од Шарлот со резултат 128:92, додека Бостон Селтикс триумфираше на гостувањето кај Торонто Репторс 101:111.