
„Неповторливата Драгана Мирковиќ е добитник на специјалната награда „Балканска музичка легенда на сите времиња на Балканот“, признание за нејзината четириесетгодишна кариера што засекогаш ја промени музичката сцена“, стои во официјалното соопштение на музичката дива.Најемотивниот момент на вечерта беше кога Драгана ја доби наградата „Grand Oskar“ односно, најголема музичка легенда на Балканот. Во најголемото гласање таа убедливо го освои првото место, а бидејќи не можеше да присуствува на свеченото доделување на наградите, признанието ѝ беше врачено токму на овој незаборавен концерт.„Ви благодарам на сите што гласавте за мене. Публиката отсекогаш била мојата сила – и во најубавите и во најтешките моменти. Ова е обврска за мене да не застанам, туку да продолжам да ви носам љубов и музика, како што сте навикнати од мене“, изјави Драгана, додека салата одекнуваше со скандирања „Легенда, Легенда!“Арена Софија, најголемата сала во Бугарија, беше премала да ги собере сите што сакаа во живо да ја видат Драгана Мирковиќ на сцена. Балканската музичка ѕвезда им се оддолжи на своите обожаватели со спектакуларен концерт за паметење. Хитовите се редеа еден по еден, а публиката од сите краишта на Бугарија пееше во еден глас со својата омилена пејачка.Следната година, на 14 март, таа повторно ќе настапи во истата сала, што е и очекувано, бидејќи е единствената пејачка од српското говорно подрачје која има фан-клуб во Бугарија со повеќе од половина милион членови.