
Министерот за економија и труд на Северна Македонија, Бесар Дурмиши, престојуваше во работна посета на државата Катар каде што се сретна со д-р. Али бин Саид бин Сумаик Ал-Мари, министер за труд и други претставници на оваа земја. Министерот Дурмиши на средбата истакна дека нашите две земји имаат голем потенцијал за унапредување на билатералната соработка на сите нивоа како и за продлабочување на соработката во сите области, особено во областа на инвестициите, бидејќи Северна Македонија има доволно клима и капацитети да ги пречека странските инвеститори.
Министерот Дурмиши ја информираше Државата Катар за договорот што го имаме за регулирање на вработувањето на работниците што е во сила од март 2012 година, со кој се дефинираат односите меѓу двете земји за вработување работници, постигнувајќи голем напредок меѓу Северна Македонија и Катар во областа на работните односи. Со измените на законот за регулирање на организацијата на органите на државната управа, Министерството за економија и труд, од јуни, ги презема работните односи, вработувањето, животниот стандард и заштитата на работниците, а тоа дополнително ќе го олесни процесот на не само инвестиции, туку и економска размена меѓу двете земји. Во наш интерес е да склучиме меморандум за соработка, со кој би се регулирале областите на соработка меѓу двете земји.
За време на престојот во Катар, министерот Дурмиши го истакна и фактот дека нашата земја посветено ја следи состојбата со нашите работници кои работат во Катар во конкретни сектори, на пр. во секторите угостителство, градежништво, здравство и сл. Во таа насока, се наметна потребата од склучување билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето работници, издавањето визи за работа и престој во поедноставена постапка, времетраењето на работниот ангажман на работниците, нивните права и обврски, обврските на работодавачите, обврските на националните агенции за вработување на двете земји итн. За нас како Министерство за економија и труд, под чија надлежност се условите за работа на странските инвеститори, од големо значење е да се работи на подобрување на бизнис климата, за да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Се надевам дека по оваа прва средба, во иднина ќе работиме заедно на натамошно подобрување на односите меѓу нашите две пријателски земји. Работиме со висок интензитет да донесеме што повеќе инвеститори од Катар, со што значително би се подобрила економијата и животниот стандард на граѓаните – рече министерот Дурмиши