
Во Европската унија се уште нема договор за прекин на практиката на сезонско менување на часовникот, иако предлог за ова прашање постои веќе седум години.
И покрај тоа што Европскиот парламент ја усвои одлуката за прекин на промената на часовникот, земјите-членки на ЕУ сè уште не постигнале консензус за тоа кој часовник треба да остане во употреба во текот на годината, летно или зимско сметање на времето.
Ана Кајсер, портпаролка на Европскиот совет, рече: „Во 2018 година презентиравме предлог за запирање на сезонските промени на часовникот, но прашањето е заглавено во Советот на ЕУ. Врз основа на реакциите на Европскиот парламент, земјите-членки и експертите, Европската комисија одлучи да остави на земјите-членки сами да одлучат. Сè уште веруваме дека е можно координирано решение“.