
Во рамките на 31. коло на Серија А во дуелот со Верона нашиот репрезентативец даде гол за израмнување на 1-1 во 67. минута. Елмас доби одложена топка од Влашиќ, па откосо со одличен удар успеа да погоди од стативата.
Македонскиот репрезенативец Ељиф Елмас постигна нов калчо-гол за екипата на Торино.
Ова е четврти погодок на Ељиф Елмас на седмиот натпревар во дресот на „биковите“ од Торино.