
Аргентина славеше против Бразил со 4-1 и ја забележа најголемата победа над лутиот ривал во последните 60 години.
На десетина минути пред крајот, кога Аргентина водеше со 4-1, голманот реши да „жонглира“ и да ги покаже своите фудбалски вештини пред „кариоките“.
На мечот имаше многу пречкање помеѓу фудбалерите, најразлични провокации и гестови, а се чини најбрутален беше потегот на голманот Емилијано Мартинез.
Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез ги понижи Бразилците откако реши да „жонглира“ и да ги покаже своите фудбалски вештини, но со овој потег го налути селекторот Лионел Скалони, кој му нареди да престане.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Неговиот потег предизвика овации на трибините, но не му се допадна на селекторот Лионел Скалони, кој му нареди да престане.— Luis Mazariegos (@luism8989) March 26, 2025