
Во премиерното издание на новата сезона од емисијата „На здравје“, гледачите добија вистинска музичка гозба – спој од традиција, емоција и жива енергија, во која македонската песна повторно го доби заслуженото централно место.Изненадување на вечерта беше настапот на Елена Јовческа, најпознатата прилепчанка со гајда во рака – по импресивното оро, ја отпеа и веселата „Рум Дум Дум“, наиде на одушевување кај сите присутни.Публиката потоа имаше можност да ја почувствува вистинската братска љубов преку песната „За тебе брате“, започната од домаќинот на емисијата и неговата група Круна, а завршена со исклучително чувство и сила од Немања Денчиќ.Во продолжение, Гордана Костоска со силна вокална енергија ја изведе безвременската „Ако згрешам нека изгорам“, а атмосферата дополнително се разигра со Петар Нечовски и неговата „Ти си моме идеално“.Финалето го збогатија Дани Даниела и Гордана Костоска со веселата „Ова е приказна стара“, а како круна на вечерта беше вистински огин со Малешевското оро, изведено од Влатко Ѓоргиев, Џељо и повторно – незаменливата група Круна.За љубителите на балади, вистински бисер беше изведбата на Спасен Силјановски со „Распукај срце ко Шар Планина“, по што Орде Неделковски заедно со Круна ја донесе емотивната „Птицо бела“.Ова издание на „На здравје“ беше доказ дека македонската музика не само што живее – туку пулсира со полно срце, носејќи ја публиката во едно заедничко патување низ времето, емоцијата и гордоста. Благодарение на уметниците, песните и духот на традицијата, вечерта ќе остане запаметена како уште едно славје на македонската душа.Вечерта започна во духот на македонската традиција – со моќен настап на младиот и харизматичен гајдаџија Петар Трајанов, кој го отвори шоуто со едно од најпознатите македонски ора. Неговата изведба беше како повик кон корените, потсетник дека македонската душа најгласно зборува токму преку звуците на гајдата. Следуваше топла и емотивна изведба од Лени Партикова, која со песната „Искрена љубов се бара“ ја исполни сцената со страст и автентичност. Нејзиниот глас, како и секогаш, продре длабоко во срцата на публиката.Емисијата продолжи со вистинска музичка разиграност – Виртуоз Бенд ја испорачаа добро познатата „Тинке Катинке“, внесувајќи ведрина и позитивна енергија во студиото. По нив, на сцената се појавија Катерина и Слободан Трајанови, кои со својата изведба на „На срце ми лежи мила мамо“ нè потсетија на убавината на старата македонска песна. Експлозија на радост донесе Дани Даниела со „Две срца“, повторно заедно со верната група Круна, додека Немања Денчиќ се врати на сцената со „Дали знаеш дали паметиш Милице“, покажувајќи неверојатна вокална контрола и искреност во изведбата.