
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски рече дека Турција и Северна Македонија се две пријателски земји кои директно придонесуваат за стабилноста на Балканот, пишува ТВ21. Ердоган рече дека двете земји имаат исклучително силни односи, додавајќи дека продолжуваат со напорите за двојно зголемување на обемот на трговската размена во првата фаза, кој достигнува 1 милијарда долари.
„Турција беше меѓу првите земји што ја признаа независноста на Северна Македонија. Заедно со нашиот сојузник во НАТО, Северна Македонија, ние сме две пријателски земји кои директно придонесуваат за мирот и стабилноста на Балканот. Во изминатите триесет години, нашите односи станаа силни како Камениот мост во Скопје. „Денес ја продолжуваме нашата работа со уверување дека Балканот не треба да биде зона на ривалство, туку место на соработка и развој“, рече меѓу другото Ергоган.