Фото: Горан ДесковскиПочивај во мир, Маринко. Твојата музика живее.Минатата година, Нови фосили настапија во Скопје, каде што македонската публика уште еднаш ги испеа нивните безвременски хитови заедно со нив. Денес, тие песни звучат со посебна емоција – во чест на човекот кој ја градеше таа музичка приказна.

Колнаго беше единствениот член кој остана со бендот од самите почетоци во 1969 година, создавајќи музика што ќе остане вечно. Неговите бас линии, страст и харизма беа дел од магијата на песни што го одбележаа музичкиот простор на поранешна Југославија и пошироко. Веста за неговото заминување ја соопштија неговите соработници преку официјалната страница на Нови фосили, со зборови полни љубов и почит:Со голема тага музичкиот свет се збогува со Маринко Колнаго, басистот и еден од основачите на легендарната група Нови фосили, кој почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување.
“Драги пријатели, со голема тага соопштуваме дека нашиот добар дух Фосил, нашиот драг Маринко, не напушти. Неизмерно ќе ни недостига. Маринко, засекогаш си во нашите срца”.