Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од музичкиот настан на годината!Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, по шест години се враќа во Скопје, а овојпат за првпат ќе настапи со симфониски оркестар. Со 50 врвни музичари, Новосадскиот биг бенд и оперскиот оркестар на СНП од Нови Сад, Чолиќ ќе донесе уникатен концерт со извонредни аранжмани под водство на диригентот Федор Вртачник.



Поради форматот на концертот, арената „Борис Трајковски“ ќе биде уредена исклучиво со седишта, што значи ограничен капацитет. Организаторите апелираат публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.Поради трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животите ги загубија 59 лица, закажаните концерти на Здравко Чолиќ во март беа одложени. Сега, со нови термини, македонската публика конечно ќе има можност да ужива во незаборавното музичко доживување на 2, 3 и 4 јуни 2025 во арената „Борис Трајковски“.Важно: Првите два концерти се веќе распродадени, а за третиот (4 јуни) остануваат уште околу 500 влезници!