– Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални, изјави Зеленски.Тој нагласи дека Москва се обидува да ги одолговлекува преговорите за да заземе уште поголема територија во Украина.
Зеленски, исто така, предупреди дека евентуално укинување на санкциите кон Русија во овој момент би било „катастрофа за дипломатијата“.
Во Елисејската палата, повеќе од триесет сојузнички држави на Киев повеќе од три часа разговараа за финализирање на гаранциите за безбедност на Украина. Една од разгледуваните опции е распоредување на европски мировни сили во рамките на идна мировна спогодба со Русија – иако засега тоа е само хипотетска можност.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по завршувањето на самитот во Париз на таканаречената коалиција на подготвените, изјави дека „Русија не сака никаков мир“.