Земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин, во Република Грција, на 125 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4, е регистриран утрово во 05 часот и 04 минути.Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала