
Добивајте вести на Viber
Според информациите кои се објавени во јавноста, новинарот Џефри Голдберг постапил разумно во целата оваа ситуација бидејќи однапред не ги открил нападите, а информациите што ги објави не треба да претставуваат безбедносна закана за војниците и разузнавачкиот персонал. Очигледно, доколку постапеше поинаку, веројатно ќе завршеше во затвор поради сериозни обвиненија.
Треба да се нагласи дека не е невообичаено функционерите на американската администрација, вклучително и оние од самиот врв, да користат Signal во нивната секојдневна комуникација, но кога станува збор за размена на такви доверливи информации, употребата на Signal и слични платформи не е одобрена. Ваквите дискусии обично се водат преку специјални безбедни уреди и во заштитени објекти. Некои правни експерти сметаат дека во овој случај можеби е и прекршен законот за шпионажа.
Кога станува збор за приватната комуникација, таа вели дека Signal е златен стандард.
I wouldn’t say that Will and I are battling but I do disagree. Because there are big differences between Signal and WhatsApp.Но, како што видовме во овој пример од САД, дури и најбезбедната мрежа и најголемата заштита не можат да помогнат во еден случај – а тоа е човечката глупост и човечка грешка.— Meredith Whittaker (@mer__edith) March 25, 2025
Оваа неверојатна ситуација ја коментираше и претседателката на „Signal“, Мередит Витакер, која доби голем поттик од некои од највисоките функционери во американската администрација, вклучително и државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот Џеј-Ди Венс, шефот на ЦИА Џон Ретклиф и други. Ако тие го избраа Signal за нивната комуникација, која очигледно мора да биде максимално безбедна и заштитена и во која се споделуваат воени тајни од најголема важност, јасно е дека веруваат дека тоа е најбезбедната комуникациска платформа на располагање.
Иако WhatsApp ја користи и технологијата за шифрирање на Signal, постои голема разлика помеѓу овие платформи. Имено, Витакер вели дека Meta не ги штити приватните метаподатоци на корисниците како списоци со контакти, информации за тоа со кого и кога се допишувале, фотографии на профилот и други податоци. Во случај тоа да биде побарано од Meta со судски налог, компанијата на Цукерберг ќе ги предаде сите овие податоци на властите.
Signal is the gold standard in private comms. We’re open source, nonprofit, and we develop and apply e2ee and privacy preserving tech across our system… https://t.co/ZU60z2vVHy
Оваа платформа, објасни нејзиниот претседател, е дизајнирана имајќи ја предвид приватноста, која вклучува шифрирање од крај до крај, но и мала количина на податоци што може да се обелоденат доколку тоа го побара судот.
Мередит Витакер проговори за оваа ситуација преку платформата X. Поточно, таа одговори на објавата во која се тврди дека има мала разлика помеѓу Signal и WhatsApp и објасни како се разликуваат овие платформи и кои се предностите на Signal. Токму поради таквите предности највлијателните американски политичари користат Signal наместо конкурентни платформи за почувствителна комуникација.