
Како главен виновник за елиминацијата беше означен Тео Ернандез кој доби непотребен втор жолт картон и го остави својот тим со фудбалер помалку на теренот. Навивачите жестоко го критикуваа Ернандез, а сега се огласи и Ибрахимовиќ.
Ќе потсетиме, Ернандез прво заработи жолт картон поради груб прекршок, а потоа во 51 минута се обиде да изнуди пенал за што го доби вториот жолт картон.
Поранешниот фудбалер и сега еден од директорите во Милан застана во заштита на левиот бек и тврди дека судијата бил премногу остар.
„Феенорд не беше подобар од нас, извршивме самоубиство. Разочарани сме, судијата беше премногу остар кон Тео Ернандез кој беше исклучен без предупредувае претходно…Тео не е актер, секогаш дава се од себе“, изјави Ибрахимовиќ.