Израелски воени авиони синоќа го бомбардираа градот Кисве, кој се наоѓа на околу 20 километри јужно од сириската престолнина Дамаск и јужната провинција Дара.
Сириски безбедносни извори соопштија дека целта била воена локација, но не наведоа дополнителни детали.
Израелците го бомбардираа и градот во јужната провинција Дара со дополнителни воздушни напади, јави сириската телевизија.
Израелската војска (ИДФ) потврди дека нападнала воени цели во јужна Сирија, вклучително и складишта за оружје.
Присуството на војници и оружје во јужна Сирија претставува закана за граѓаните на државата Израел. „ИД ќе продолжи да дејствува за елиминирање на каква било закана за израелските граѓани“, објави ИД.
Бомбардирањето дојде неколку часа откако Сирија го осуди израелскиот напад на југот на земјата и побара повлекување на ИД.
Израел ги пресели силите во демилитаризирана зона под надзор на ОН во Сирија, откако бунтовниците предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), поранешен огранок на Ал Каеда, го соборија поранешниот претседател Башар ал Асад во декември.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека Израел нема да толерира присуство на ХТС во јужна Сирија или која било друга сила поврзана со новите владетели на земјата и повика на демилитаризација на територијата.