
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Екипата на Интер го плати „цехот“ на репрезентативната пауза бидејќи остана без две важни имиња.
Капитенот Лаутаро Мартинез се повреди во тренажниот процес со репрезентацијата. Тој не настапи на првиот меч со Уругвај, ама нема да игра ниту на вториот меч со Бразил. Според досегашните информации, Лаутаро ќе го скокне дуелот со Удинезе по репрезентативната пауза, а целта на лекарскиот тим е да се врати навреме за дуелот со Милан во Копа Италија.