Системот „Пронајди ме“ е активиран вечерва во Србија поради исчезнувањето на двегодишното девојче Дуња Марковиќ.
Дуња има кафена коса, кафени очи и е висока околу 100 сантиметри, кога исчезнала носела сива тренерка и дуксер.
Во моментот на нејзиното исчезнување била со нејзините постари браќа, момчиња од прво и второ одделение.
Доколку имате информации за исчезнатото девојче, веднаш јавете се на 192, апелираат од српското МВР.
Исчезнувањето го забележала мајката, околу 17:00 часот, кога се вратила од работа. Децата си играле на песок, пишува „Телеграф“.
Според веб-страницата „Пронајди ме“, двегодишно девојче исчезнало денеска околу 14 часот пред зградата во која живее во градот Уб во западна Србија), на улица 8. Март бр.6.