
Поранешниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини зборуваше за српскиот офанзивен играч за врска Немања Радоњиќ. Јасно е дека овој фудбалер не го исполни целосниот потенцијал, дури и на големо потфрли во кариерата.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
За тоа најголем проблем му претставуваше неговата „луда глава“. Радоњиќ уште пред полнолетството сакал да ужива во животот, а анегдота раскажа Сабатини.
„Радоњиќ е вистински феномен на фудбалски план, ама е потполно хаотичен. Со 16 години неговата глава веќе била уништена. Тој пиел, бил излезен до раните утрински часови. Имал соба во Тригорија (спортскиот камп на Рома), ама некогаш го наоѓале како спие надвор на клупите на улица“, откри Сабатини.
Немања Радоњиќ потекнува од школата на Партиза, а потоа преку Академијата на Георге Хаџи стигна до Рома по барање токму на Сабатини. Сепак, тој потоа беше позајмуван во Емполи и Чукарички, па се врати во Црвена Звезда.