
Измамите за наводни сообраќајни несреќи земаат замав. Последна жртва на оваа појава е 78-годишна кумановка која изгубила 2.000 евра.
„Вчера во 16:30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, 78-годишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавата, лицето и се јавило на телефон и претставувајќи се како полицаец ја известило дека нејзиниот син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која удриле малолетно дете и дека таа ќе мора да плати одредена сума пари за да избегне кривично гонење. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договорената локација, но подоцна сфатила дека е измамена“, велат од СПБ Куманово.
Исто така, вчера се евидентирани пет обиди за измама со наводни сообраќајни незгоди во Кумановско и еден во Кратовско, додаваат од Полициската станица Куманово.