
„Убеден сум дека ќе имаме добри, брзи и конструктивни разговори со социјалдемократите за формирање коалициска влада до Велигден – 20 април“, рече Мерк во седиштето на неговата партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во Берлин.
Мерц рече дека зајакнувањето на екстремната десница на изборите е „конечно предупредување“ за умерените партии да дојдат до заеднички решенија.
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) го удвои својот изборен резултат – од 4,8 милиони гласови на последните избори, на 10,3 милиони гласови вчера.
Мерк, кој најверојатно ќе биде следниот канцелар, рече дека сака да се подготви за „најлошото сценарио“ во трансатлантските одбранбени односи меѓу Европа и САД, истакнувајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се дистанцира од Европа.
„Сите сигнали што ги добиваме од САД укажуваат дека интересот за Европа очигледно слабее“, рече лидерот на конзервативците, истакнувајќи дека е неопходно „да се соочиме со најлошото сценарио – прекин на врските“.
Мерк додаде дека е јасно оти Европа мора многу брзо да ги развие своите одбранбени способности и дека тоа мора да биде апсолутен приоритет во наредните недели.
Лидерот на ЦДУ рече дека се уште има надеж дека ќе може да ја убеди американската администрација дека одржувањето на добри трансатлантски односи е во заеднички интерес. Тој додаде дека сака да направи се што е можно за да го постигне тоа.