
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Легендарниот голман на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Икер Касиљас потврди дека има психолошки проблеми.
Тој беше голман на Реал 16 години, одигра 725 натпревари за мадридскиот тим, а кариерата ја заврши во Порто каде ги помина последните пет сезони.
„Не спијам редовно. Сакам да изгледам дека сум добар, ама не можам да лажам, воопшто не сум добар, не можам да уживам во животот. Слушам многу стари песни и не можам да спијам навечер“, рече Касиљас.