
Катарските власти се закануваат дека ќе ја повлечат инвестицијата во францускиот клуб Пари Сен Жермен. Qatar Sports Investments ги купи парижаните во 2011 година, а за претседател на клубот беше назначен Насер Ал-Хелаифи.
Оттогаш, ПСЖ го ужива најуспешниот период во својата историја, освојувајќи 10 титули во Лига 1 во последните 12 сезони.
Но, според Дејли Мејл, Ал-Келаифи на почетокот на овој месец беше обвинет за „соучесништво во купување гласови“, „мешање во слободата на гласање“ и „ангажман во злоупотреба на моќта“.
Самиот број 1 на парискиот клуб ги отфрли обвинувањата. Предметниот случај се однесува на францускиот бизнисмен Арно Лагардер и наводниот обид да се влијае врз гласањето на Катарскиот суверен богат фонд, акционер во неговата групација.
Катар одговори на обвинувањата изнесени против Ал-Хелаифи со закана дека ќе ги запре инвестициите во Франција.
Покрај парискиот клуб, би можела да биде погодена и мрежата на спортски канали BeIn Sports. Според француските медиуми, Катар е уморен од ваква злоупотреба.