
Уште една шампионска победа за Кливленд, тимот кој води во поредокот во НБА оваа сезона. Кавалирс победија со 129-123 над Мемфис на крајот од тесен натпревар. Кај Кливленд се истакнаа Донован Мичел со 33 поени и Еван Мобли со 25 поени и 13 скока.
Со исто темпо оди и екипата на Оклахома која го предводи Западот. Тие денеска победија со 130-123 на теренот на Минесота, каде повторно протагонист беше Александар Шаи со 37 поени. Торонто победи со 127-109 над Феникс, меч каде Барет, Квикли и Баучер постигнаа по 23 поени за Канаѓаните.
Победа и за Голден Стејт кој благодарение на 30-те поени на Кари го совлада Далас со 126-106. Шампионскиот тим на Бостон не разочара, триумфирајќи со 118-105 над Њујорк, меч на кој дуото Тејтум-Браун заедно постигнаа 49 поени. Тимот на Милвоки, благодарение на 28-те поени на Лилард и 23 на Антетокунмпо, го совлада Мајами со 120-113.
НБА-Денешни резултати
Бостон-Њу Јорк, 118-105
Голден Стејт – Далас, 126-102
Индијана – Клиперс, 129-111
Атланта-Детроит, 143-148
Милвоки-Мајами, 120-113
Орландо-Вашингтон, 110-90
Торонто-Феникс, 127-109
Кливленд-Мемфис, 129-123
Њу Орлеанс-Сан Антонио, 114-96
Минесота-Оклахома, 123-130