„По однос на ваквата состојба веднаш до министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно законот.
На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија Марија Митева, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски.
На терен во секој момент овие денови се над десет тима кои вршат контрола и во текот на денешниот и ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.
„Ќе ја започнам оваа прес конференција информации кои се актуелни и за има промени од претходната вчерашна изјава која што е дадена за извршените контроли од Државниот пазарен инспекторат.
Од вчера направената контролата на 12 објекти со активна важечка лиценца до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност, рече Митева.
„Како што ветивме продолжуваме на дневна основа да ве информираме сите вас за констатираните состојби од теренската работа на Државниот пазарен инспекторат во однос на лиценците на објектите.
Во моменти како овие зборови не се доволни но постапките мора да бидат, потенцира Митева.
Денеска одлучивме да имаме заедничка конференција со, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски и директорот на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје Синиша Стојаноски, рече Митева.
„Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија тоа е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција.
Митева додаде дека за останатите девет сеуште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе има дополнителни информации.
Митева ја информирам јавноста дека е направен и план, и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.
Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања.
Ниту ќе замижуваме ниту ќе заштитуваме“, рече портпаролот на Влада.
Доказите се јасни.
Ќе се проверат сите до детаљ, потенцира Митева.
Новите сознанија коишто ги имаме до овој момент се следни: