
„Постојаното чувство на незадоволство и стрес предизвикува зголемено ниво на кортизол – хормон кој со тек на време ја ослабнува имунолошката отпорност и го зголемува ризикот од хронични заболувања. Луѓето кои мразат да одат на работа многу почесто се жалат на мигрени, проблеми со варењето и нарушувања во сонот“, истакнува Љубеновиќ.
Работи како администратор во една компанија во главниот град, но нејзината мотивација одамна исчезнала.
„Најважно е да се слушаат знаците на телото. Кога ќе го занемарите тоа, последиците можат да бидат сериозни“, завршува психологот Љубеновиќ.
Таа објаснува дека негативното расположение кон работното место не влијае само врз менталното здравје, туку директно и врз физичката состојба.
Добивајте вести на Viber
А Теодора веќе активно бара алтернативи: „Знам дека морам нешто да сменам. Телото ми испраќа пораки дека вака повеќе не може. Заслужувам подобро“.
„Имаме пациенти кои буквално физички реагираат на негативното опкружување на работното место. Се жалат на забрзано чукање на срцето, чувство на притисок во градите и несоница. Тие симптоми не треба да се игнорираат“, вели матичниот лекар.
Затоа, стручњаците советуваат дека ако работата која ја извршувате ве доведе до состојба на хронична исцрпеност и незадоволство, важно е навреме да се преземе нешто.
Според психологот Сања Љубеновиќ, ваквата состојба не е реткост кај луѓето кои долгорочно работат работа што не ја сакаат или пак ја мразат.
Од друга страна, кај луѓето кои го сакаат она што го работат, се забележува сосема спротивна состојба – имаат поголема енергија, посилен имунитет и полесно се справуваат со секојдневните задачи и предизвици.
Дополнително, долгорочната изложеност на ваков стрес може да биде причина и за посериозни кардиоваскуларни проблеми.
Секое утро, 35-годишната Теодора од Скопје станува од креветот со грутка во грлото, чувствувајќи мачнина додека се подготвува за работното место.
Во неформален разговор со матичен лекар од Карпош дознаваме дека хроничниот стрес од работа може да предизвика висок крвен притисок и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.
„Секоја задача ми е мачна. Се будам изморена иако сум спиела доволно. Телото не сака да ме слуша, а психички сум исцрпена“, вели Теодора.
Работата која некогаш ја сакаше денес ја измачува.
Тоа не мора секогаш да значи промена на работното место, туку промена на односот кон работата или барање на поддршка од стручни лица.