
Една неодамнешна студија спроведена во Институтот Атлон докажа дека кокосовото масло е најдобриот производ меѓу природните масла што се користат за нега на забите.
Кокосовото масло се смета за неверојатен антибактериски агенс и го спречува растот на бактериите во устата. Освен тоа, го спречува и расипувањето на забите, кое го предизвикуваат разни бактерии, пренесува Телеграф.
Водачот на оваа студија, Даминеб Брејди, изјави дека кокосовото масло останува меѓу најдобрите алтернативи за стоматолошки производи, бидејќи се бори со микробни инфекции и ве штити од состојките што се наоѓаат во пастите за заби.
Можете и дома да подготвите лесна паста од кокосово масло доколку сакате само да имате убава и здрава насмевка.
Состојки:
– Две или три лажици сода бикарбона
– Половина шолја кокосово масло
– 15 до 30 капки масло од лимон
Подготовката е многу едноставна: измешајте ги сите состојки и употребете ја како обична паста.