
Исплатата на дивиденда за 2024 година ќе започне на 7.5.2025 година.
Комерцијална банка АД Скопје на вчерашното собрание ја потврди Предлог-одлуката за распределба на дивиденда донесена од Надзорниот одбор на Банката на 26.02.2025 година.
Од нераспределената добивка на износ од 4.924.786.040, за исплата на дивиденда на акционерите ќе бидат одвоени 2.848.833.750 денари.
Добивајте вести на Viber
За една обична акција ќе се исплаќа бруто по 1.250 денари.
Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2024 година е 17.4.2025 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2024 година е 16.4.2025 година.