
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Медиумите од Италија пренесуваат дека Сержо Консеисао може да добие отказ уште овој викенд доколку Милан киксне против Лече, со Мауро Тасоти како привремено решение на кормилито до крајот на сезоната.
Згора на се, оваа недела клубот беше турнат во хаос со контроверзните коментари на портпаролот на Сержо Консеисао, кои подоцна беа негирани.
Притисокот врз тренерот е голем, па неколку извори пренесуваат дека Сержо Консеисао викендов ќе добие отказ доколку Милан киксне против Лече.
„Росонерите“ неочекувано беа елиминирани во плеј-офот во Лигата на шампиони, па врзаа три порази во низа во Серија А и направија огромен чекор назад во битката за топ четири пласман.
Газета дело Спорт пишува за изненадувачки кам-бек на Масимо Алегри – тренер победник, кој е способен да се прилагоди на составот кој му на располагање, и да го извади најдоброто од фудбалерите.
Се шпекулира со името на Мауро Тасоти како привремено решение до крајот на сезоната, а потоа ќе пристигне ново име кое ќе го започне новиот проект.