
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Тренерот Серџо Консеисао беше незадоволен и за време, но и по мечот. Сепак, иако критикуваше презеде и вина за поразот.
„Пристапот во првите 25 минути беше многу лош. Нашиот план не беше таков, но јас ја преземам одговороноста. Имавме многу разговори и играчите ми дадоа позитивни сигнали во последните неколку дена. Натпреварот против Интер беше многу поинаков, бевме балансирани и правевме помалку грешки. Секогаш сум велел дека класата на играчот не е само во една работа“, изјави Консеисао.
Инаку, Милан се извлече во финишот на мечот бидејќи со ВАР ѝ беше поништен гол на Фиорентина.