Дури и да се донесе некаква одлука, претседателот на Уставен кажа дека со тоа Судот му помага на законодавецот (Собранието) да се поправи ако нешто не е во ред со законите решенија што ги носи.„Со индигнација ги отфрлам сите лаги, тешки и манипулации кои веќе преминуваат во сферата на опасни манипулации“, рече Костадиновски.
Лаги и опасни манипулации. Вака, како свој личен став, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски ги оцени наводите во денешното соопштение на Демократската унија за интергација (ДУИ), а во врска со постапката за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците, пренесе „360 Степени“.
Во таа насока тој постави неколку реторичкипрашања, а кои се однесуваа на тоа дека во овој момент никој не може да знае каква ќе биде конечната одлука на Уставниот суд.
Имено од партијата на Али Ахмети денеска преку писмено соопштение рекоа дека четири години по потпишувањето на усвојувањето на Законот за употреба на јаизците сега се прават обиди за напад на најчувствителното прашање од Охридскиот рамковен договор – прашањето за јазикот.
„Што треба ние да направиме со таа иницијатива? Да ја земеме да ја искинеме, да ја чуваме до 2030 година, до 2040, 2050 година? Што треба да направиме кога имаме јасно определени надлжности и должности. Ние сме должни да одговориме на прашањето. Но, сега да се употребуваат такви тешки зборови, да се игра на чувствата на граѓаните, да се манипулира е навистина, не знам како да го наречам, ова е брутално, ова е политички примитивизам, политичко дивјаштво. Ова се лаги, невистини“, рече претседателот на Уставен на бифингот.
Осврнувајќи се на наводите на ДУИ, тој рече дека контрастот на нивните прашања и тези бил било прашањето зошто тогаш постои Уставниот суд.
„И каде се загрозени правата на било кого? Тоа е владеење на правото? Законодавецот ако излезе од уставната рамка законодавецот го корегира, законодавецот повторно си интервенира. Тоа е нормална демократска постапка. Тажно е што после толку години од Рамковниот договор повторно разговараме за ова“, рече Костадиновски, додавајќи дека Охридскиот рамковен договор е дел од Уставот на државата, односно е дел од неговата Преамбула.
Костадиновски за став по овие наводи беше прашан на денешниот брифинг со новинарите, на која информираше за подготвителната седница за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците.
Инаку, од опозициската ДУИ денеска рекоа дека секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на земјава.
„Од каде знаат каква ќе биде одлуката на судот? Кој може да ја предвиди одлуката на Судот? Уште од сега знаат каква е одлуката на Судот. Што ако судот рече дека нема никаков проблем (со Законот), ќе се извинат ли тогаш за ваквите тешки лаги. Не можам да разберам. Дали е нормално цело општество да се чува во заложништво заради политички амбиции на некого, било кој и да е“, рече Костадиновски.