
„Нашата одлука за разрешување на Коцевски не е само законска, туку и морална. Мора да се создаде нова атмосфера на професионализам“, рече во интервјуто министерот за правда Игор Филков. Тој нагласи дека веќе и официјално го доставил до Владата мислењето за зголемување на одговорноста на првиот човек на СЈО. Иако првично се чека мислење од Советот на јавни обвинители, Филков вели дека ќе го почитуваат нивниот став, но тој нема да биде обврзувачки за одлуката за разрешување.
Иако евроамбасадорот во земјава Михаилис Рокас конкретно не зборуваше за иницијативата за разрешување на Коцевски. Тој изјави дека реформите во правосудството се приоритет во земјава.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави дека главна причина за разрешувањето на Коцевски е случајот со договорот на Иџет Мемети со високиот судија, Наќе Георгиев, за кој веќе има судски епилог. Коцевски е близок со Мемет, а контроверзната спогодба за вина за него и минималната казна за Георгиев прават разлика во примената на законот кога обвинет е негов колега и пријател на обвинителот, вели Милошоски.
По ова реагираше портпаролот на Коцевски кој рече дека во овој случај јавниот обвинител не бил во ситуација на судир на интереси.