
Кубарси ја шутна топката кон голот на Борусија Дортмунд и таа влегуваше во мрежата на гостите, но Рафиња и покрај тоа ја удри топката на линијата пред таа да влезе и погодокот му беше запишан нему.
RAPHINHA GETS THE FINAL TOUCH ON CUBARSÍ’S SHOT TO OPEN THE SCORING FOR BARCA 🔥 pic.twitter.com/9rJnUwt58A
Рафиња му го украде голот на Кубарси, но сантиметри фалеа погодокот да биде и поништен, се гледаше ВАР дали тој е во офсајд. Па дури тогаш ќе имаше лавина од критики за Бразилецот.
Рафиња откри дека му се извинил на Пау Кубарси за голот кој му го украде на мечот против Борусија Дортмунд.
„Првиот гол? Му се извинив на Пау Кубарси. Ја удрив топката пред таа да ја мине линијата. Му реков да биде среќен бидејќи ќе му се брои како асистенција“, рече Рафиња смеејќи се.— ESPN FC (@ESPNFC) April 9, 2025