
Италијанците и понудија пица и сладолед на британската кралица Камила, за време на нејзината државна посета на Италија, по повод 20-годишнината од нејзината венчавка со кралот Чарлс.Чарлс изјави во парламентот дека Британија е под големо влијание на италијанската кујна.Камила и Чарлс пешачеа до познатата продавница за сладолед Giolitti во центарот на Рим, каде што кралицата пробуваше примероци од сладолед од хартиена чаша откако кралот одржа историски говор во зградата на италијанскиот парламент која се наоѓа во близина.Поелегантни јадења беа послужени во средата навечер на свечениот прием на кралската двојка во палатата Квиринале, резиденцијата на италијанскиот претседател Серџо Матарела.-Можам само да се надевам дека ќе ни простите што повремено ја искривуваме вашата прекрасна кујна. Тоа го правиме со најголема можна посветеност, рече кралот.На Камила претходно и беше подарена кутија со пица откако присуствуваше на настан во училиште во Рим.