
Папата Франциск претходно планираше и официјално да го прими кралот Чарлс, но таквата посета беше одложена поради здравствената состојба на понтифот.Папата се уште се опоравува по престојот во болница со билатерална пневмонија.
Тоа беше првата јавно позната средба на папата со некој државник по неговото враќање во Ватикан, откако помина пет недели во болница поради пневмонија.Средбата, како што пренесува италијанската новинска агенција АНСА, се одржала во неговата резиденцијата во домот Света Марта во непосредна близина на базиликата Свети Петар во Ватикан.Франциск и Чарлс се сретнаа двапати претходно, во 2017 и 2019 година, пред актуелниот британски монарх да стане крал.Папата приватно ја прими кралската двојка и им посака се најдобро за нивната 20-годишнина од брак, која ја прославија вчера, се вели во соопштението на Ватикан.Портпаролот на Бакингемската палата рече дека кралот и кралицата се „воодушевени“ што здравјето на папата било доволно добро за да ги прими.Папата Франциск вчера имаше ненајавена приватна средба со британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила кои се во четиридневна државна посета на Италија, соопштија Ватикан и Бакингемската палата.