
СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.П.(64) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ, а во врска со чл.114 ст.1 ал.4 од законот за јавни набавки. Пријавената, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2023/2024, потпишала договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетила буџетот на училиштето за околу 560.000 денари.
Исто така, СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против С.К.(52) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.1 од КЗ, а во врска со чл.114 ст.1 ал.4 од законот за јавни набавки. Пријавениот, како директор на средно училиште во Берово, при преземање на службени дејствија, јавна набавка за превоз на ученици за учебната 2022/2023 потпишал договор со правен субјект од Пехчево за цена повисока од реалната на пазарот, односно за цена која е двојно и повеќе поскапа и понеповолна од месечната карта на истата релација и на тој начин го оштетил буџетот на училиштето околу 611.000 денари.