
Петкратниот добитник на „Златната топка“ Кристијано Роналдо откри дека го чека совршениот момент за да се ожени со Џорџина Родригез. 40-годишниот фудбалер и 31-годишната инфлуенсерка се заедно од 2016 година.
„Секогаш ѝ велам: „Кога ќе се случи тоа „кликнување“. Како и со се во нашите животи, таа знае за што зборувам. Тоа може да се случи за една година, за шест месеци или дури за еден месец, но јас сум 1.000% сигурен дека ќе се случи“, рече Роналдо во реалното шоу „Јас сум Џорџина“ на „Нетфликс“.
Двојката има две ќерки – седумгодишната Алана и двегодишната Бела. Џорџина ги одгледува сите три деца на Португалецот, родени од сурогат мајки.