
„Чудно е дека фудбалскиот сојуз се сврте за 180 степени и со црвен тепих и раширени раце го чека назад. Пред сè, сметам дека е малку чудно што Куртоа сам треба да одлучи дали ќе се врати или не. Оваа порака не е насочена кон Тибо, туку кон фудбалскиот сојуз. Тоа не се поклопува со стандардите и вредностите кои ги имам за тоа што е тимски спорт или спортска организација. Од денес повеќе не сум достапен за репрезентацијата. “, прокоментира Кастелс.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Кастелс беше прв голман во последните 18 месеци во отсуство на Куртоа кој не беше во најдобри односи со селекторот Доменико Тедеско. Сепак, по доаѓањето на клупата на Руди Гарсија, јасно беше дека и голманот на Реал ќе се врати во репрезентацијата.
Коен Кастелс е инаку голман на Ал-Кадсиах, а иако е далеку од класата која ја поседува Тибо Куртоа, неговите зборови и став не се целосно погрешни.
Тоа го налути Кастелс кој јавно ја прокоментира ситуацијатат околу Куртоа.