
Додека граѓаните едвај преживуваат, ЕВН продолжува да испраќа неточни и енормно напумпани сметки, претворајќи го снабдувањето со струја во легализирана кражба – велат од „Левица“.
Наместо да ги исправа грешките и да ги заштити граѓаните, Владата заедно со фиктивното Министерство за енергетика останува глува, гледа како народот плаќа за оваа неправда“ – велат од „Левица“
Според нив, неспротивставувањето на оваа кражба ги прави владејачките партии соучесници во овој процес.
„КРРЕ призна дека има огромни грешки во сметките, но дали тоа не е доволно? Каде е казната за ЕВН? Каде е одговорноста за измамените луѓе? Наместо ефективен надзор и заштита, Владата дозволува монополската компанија без последици да го земе и последниот денар од џебот на граѓаните. Срамно е на граѓаните да им се препорачува да ги читаат сопствените броила! „Со ова се потврдува дека системот не работи додека на ЕВН и се дозволува намерно да манипулира“ – реагираат од „Левица“
„Левица“ бара итни мерки;
-Строга контрола и казни за ЕВН за какви било грешки во сметките;
-Автоматско враќање на неправедно и со камата платени средства;
-Одземање на лиценцата на ЕВН доколку продолжи со систематска кражба;
-Политичка одговорност за институциите кои ја штитат оваа институционална изнуда;
-Веднаш да се воспостави стандардот за броила на електрична енергија на Бирото за метрологија.