
Славниот напаѓач Алан Ширер кој остави длабока трага во Премиер лигата ги коментираше шпекулациите дека Хари Кејн би можел да се врати во Премиер лигата.
„Летово Ливерпул ќе биде во потрага по центарфор и нема дилеми дека Хари Кејн би бил одлична опција за нив. Секогаш сум велел дека ако се врати,ќе има добри шанси да го подобри мојот рекорд во постигнати голови“, изјави Ширер.
Ширер е рекордер во Премиер лигата со 260 постигнати голови, додека Кејн со преселбатаа во Баерн Минхен застана на 213. и ако се врати лесно би можел да го сруши.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>