Најблиската дестинација за македонските обожаватели е Милано, Италија, додека другите европски градови што ќе ја угостат поп-иконата вклучуваат Лондон, Манчестер, Стокхолм, Берлин, Антверпен, Амстердам, Лион и Париз.„Не планирав турнеја оваа година по концертите во Сингапур, но неверојатниот одговор на новиот албум ме инспирираше да продолжам. Сето тоа се случи супер брзо благодарение на Артур Фогел и неверојатниот тим во Live Nation, кои ја составија глобалната турнеја за само неколку недели. Какво театарско и возбудливо искуство ќе биде Mayhem. Ќе го оживееме „The Mayhem Ball“ токму онака како што го замислив. Се гледаме наскоро!“, изјави Гага.

Лејди Гага конечно ги објави долгоочекуваните датуми за нејзината нова светска турнеја „The Mayhem Ball“, инспирирана од нејзиниот најнов албум Mayhem. Иако фановите од регионот се надеваа на концерт поблиску до Балканот, на листата на градови не се најдоа Хрватска, Србија, Австрија или Унгарија.Фановите со нетрпение ја очекуваат продажбата на билетите, бидејќи спектаклот што таа го носи со себе никогаш не разочарува!