
„Размислував за напуштање на репрезентацијата по Европското првенство и поразот од Франција. Бев многу фрустриран, му кажав на Вертонген дека повеќе не се чувствувам исто. Премногу работи се случија пребрзо, ама не можев да ја напуштам својата земја. Во текот на натпреварувањето се концентрирав само на екипата, а потоа беше тешко да се прифати ова Европско првенство. Атмосферата беше прилично токсична, а резултатите не ги исполнивме. Не реагирам добро на поразите, тоа никогаш не ми било силна страна“, изјави Лукаку.
Тоа беше периодот на Белгија под водство на Доменико Тедеско, а првиот голман Тибо Куртоа имаше караница со селекторот и не бранеше за репрезентацијата во тој период.
Ромелу Лукаку си ја отвори душата и зборуваше за периодот по Европското првенство на кое Белгијците беа елиминирани од Франција.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>