
Македонските ракометари покажаа „две лица“ на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“. Одлични беа избраниците на Кире Лазаров во првото, но целосно потфрлија во вториот дел.Ракометната репрезентација на Македонија забележа пораз од Словенија со 26:32 (16:15) во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП.
Следува реваншот, во Копер од 18 часот в недела.
На табелата во групата Словенија води со максимални шест бода, Литванија е втора со четири, Македонија трета со два, последна е Естонија без освоен бод.
Македонија одлично го започна, во првиот дел ја достигна највисоката предност од шест голови разлика,(11:5).
Филип Кузмановски со десет голови ја предводеше Македонија, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски имаше девет успешни интервенции.
Словенците бргу се консолидираа, полека ја топеа разликата и на полувреме Македонија замина со гол предност.
Во вториот дел Словениците беа подобри. Го презедоа водството, а прашањето околу победникот го решија со среијата (1:5) во завршните 10 минути.