Македонската ска-панк гордост „Суперхикс“ ќе биде дел од годинешното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, Бугарија – еден од најголемите и највлијателни рок и метал фестивали во регионот.На главната бина оваа година ќе блеснат некои од најголемите светски имиња како „The Smashing Pumpkins“, „Sepultura“, „Gojira“, „Mastodon“, „Skunk Anansie“, „Extreme“ и други, носејќи со себе ексклузивни настапи за регионот и Европа.Настапот на „Суперхикс“ е уште едно признание за нивната енергична сцена и доследната посветеност на квалитетната македонска музика. Ќе биде тоа вечер на ска ритам, хумор и револуционерна енергија, со што „Суперхикс“ уште еднаш ќе ја потврдат својата уникатност и меѓународен потенцијал.

Фестивалот ќе се одржи од 25 до 27 јули 2025 година, а „Суперхикс“ ќе настапат на 26 јули на сцената „Строеја“, која традиционално е резервирана за алтернативни и регионални јунаци со моќен жив настап.Фестивалот „Хилс оф рок“ се одржува од 2017 година, и од тогаш прерасна во култен настан за фановите на гитарскиот звук, собирајќи илјадници посетители од цела Европа.