
Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговиот судир со американскиот претседател Доналд Трамп на денешната средба во Белата куќа.
„Русија е агресорот, а Украина е нападнатиот народ… Мислам дека бевме во право кога и помогнавме на Украина и ја санкциониравме Русија пред три години, и да продолжиме да го правиме тоа… мора… да ги почитуваме оние кои се бореле од самиот почеток“, рече Макрон за време на посетата на Португалија.
Поддршка на Зеленски се огласи и премиерот на Шпанија, Педро Санчез.
„Украина, Шпанија е со вас“, напиша тој.