
Голманот на Торино брани во одлична форма и го привлекува вниманието на најголемите клубови.
Репрезентативниот голман на Србија, Вања Милинковиќ-Савиќ е прв фаворит за нов голман на Манчестер Сити, пишуваат англиските медиуми.
Последните информации велат дека Пеп Гвардиола фрлил око на Милинковиќ-Савиќ кој влегува во последната година од договорот со Торино.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Но, Сити не е единствениот заинтересиран за Савиќ, се пишува дека и Наполи го сака.
На крајот од оваа сезона, Едерсон најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити.