Трајаноски беше доминантен во секој дуел на патот кон златото, освојувајќи четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден.
Овој подвиг е огромен чекор за македонскиот ММА и потврда дека нашите борци се меѓу најдобрите во Европа. Успехот на Трајаноски е само почетокот на уште поголеми достигнувања за македонскиот ММА на меѓународната сцена!